07.02.2017
Живот
ФН: Какви се свадбените обичаи низ Македонијa?
Какви се свадбените обичаи низ Македонија, посебно кога станува збор за фаќањето на бидермаерот - екипата на „Фчерашни новости“ разговараше со неколку експерти на оваа тема во најновата 11 по ред епизода од втората сезона на најгледаната хумористична емисија.
Репортерите на „Фчерашни новости“ истражуваа и како Министерството за внатрешни работи се справи со лажната дојава за бомба во сообранието, а како Министерството за животна средина се справува со загадениот воздух.
Во студиото беа угостени два многу специјални гости, а на прашањата на граѓаните одговараше професорката Татјана Каракамишева.
Зготвена со малку кисел хумор и горчлива сатира, сочната епизода 11 на „Фчерашни новости“ сега може да ја погледнете и на „Јутјуб“: