Вип и оваа година се вклучува во најголемата глобална еколошка активност “Часот на планетата земја”. Оваа сабота, 25 март 2017, во периодот од 20.30 часот до 21.30 часот по локално време, светилките ќе ги исклучат милиони индивидуалци, бизниси, организации и влади во над 178 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија.
Вип во ова најголемо еколошко движење ќе придонесе со симболично гаснење на светилките во своите работни простории, гаснење на најголемата светлечка реклама во дирекцијата во Скопје, како и светлечките реклами во сите продажни салони ширум земјата.
Со цел грижа за животната средина, Вип на своите корисници им овозможува замена на хартиените сметки со електронска сметка, a успешната ресертификација со ISO14001 стандардот ја докажува усогласеноста на процесите и системите за управување на компанијата во заштита на животната средина.
Во духот на акцијата Вип советува: кога ќе завршите со полнење на вашиот телефон, извадете го кабелот од струја. Само 5% од струјата се користи за полнење на вашиот телефон; останатите 95% се трошат кога ќе го оставите полначот во штекер.