X
 11.04.2017 Живот

Учиме македонски: Забрзан курс по македонски јазик

Спортските коментатори на „Фчерашни новости“ известуваа директно од собраниските терени за возбудливиот натпревар на 365 продолжение на конститутивната седница.

На забрзаниот курс по македонски јазик, пак, по зборовите унитарнос, десороизациа, федерализациа и платформа, се учеше нов збор.

По информациите дека во последните 5 години бројот на оние што страдаат од депресија се зголемил за 40 отсто, екипата направи интервју со Јован, кој 10 години боледува од оваа болест.

Ова се само дел од прилозите кои ве чекаат во 20. епизода од втората сезона на „Фчерашни новости“, која веќе е објавена на „Јутјуб“.

Екипата на најгледаната забавна емисија во земјава веќе ја подготвува следната епизода. Дотогаш, посетете ги нивните официјални страници на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот