Од понеделник (03.07.2017 год) на сите продажни места на Државна лотарија на Македонија, со знакот на Детелинка, можете да го пронајдете и најновиот инстант лоз едноставно наречен СЕФ
СЕФ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари итн. се до 135.000 добивки од по 40 денари. Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 167.238 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна , а лозот е добитен доколку трицифренета шифра впишана во полето ОТВОРИ ГО СЕФОТ се совпаѓа со една од трицифрените шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 , а знаците € € € ја кријат паричната добивка. Првата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови , а во неа секој трет лоз е добитен .
Инаку во понеделник (03.07.2017 година) на сите места со знакот на Детелинка , т.е. продажните места на Државна лотарија на Македонија се враќа и добро познатата ЗЛАТНА РИПКА. Во својата втора серија овој инстант лоз шансата да уловите милион денари ја прави уште поголема. Овој пат во игра се три добивки од милион денари ,три добивки од 500.000 денари , 15 добивки од 100.000 денари и така натаму се до 250.000 добивки од 50 денари. Главната специфика на овој инстант лоз е можноста за три добивки од еден лоз. Пронајдете ја и вие вашата Златна Рипка која може да ви донесе три добивки , и можност да уловите милион денари .
Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи , бидете и вие дел од игрите на среќа , бидејќи само КОЈ ИГРА , ТОЈ и ДОБИВА.
.
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !