X
 04.09.2017 Култура

Награден конкурс за аматерска фотографија, пријавете се!

Согласно својата основна дејност, а со цел промоција на здравите нутритивни практики, Алпско млеко го иницира наградниот конкурс за аматерска фотографија со производите на Алпско млеко, во кој можат да се пријават сите физички лица со живеалиште на територија на Република Македонија што ќе пријават свој авторски труд.



Фотографиите во кои ќе „фатат“ делче од своето секојдневие или миг на уживање со млеко, јогурт или кој било друг производ од Алпско млеко во комбинација со друг небрендиран производ или предмет и со тоа ќе го интерпретираат своето доживување кога ги консумираат своите омилени оброци ќе бидат евалуирани според оригиналноста на идејата, автентичноста, поврзаноста со темата, како и креативноста.

Фотографиите на кои учесниците прикажуваат блиски и интересни мигови од секојдневието, во хармонија со природата, можат да бидат снимени со фотоапарат или со мобилен телефон.

„Фотографиите како најмногу сакате да ги консумирате производите од Алпско млеко и која е вашата најсакана комбинација за појадок, меѓуоброк или вечера ќе бидат собирани и презентирани, а по завршување на конкурсот, ќе бидат објавени и тројцата победници кои ќе добијат убави, корисни и практични подароци и пакет производи од Алпско млеко. Ги повикуваме сите, без разлика на возраст, пол, образование или стручност да ги пријават своите фотографии за кои не се потребни пропорции или технички спецификации“ - изјави претставник на Алпско млеко.



Во рамки на активностите за одбележување на светскиот ден на млекото, со иницирање на овој конкурс за аматерска фотографија, Алпско млеко сака да биде двигател во напорот за обезбедување на подобро разбирање на нутритивните потреби и справувањето со предизвиците на модерното живеење, да инспирира поголема интеракција на поединците со природата и да поттикне позитивни практики во исхраната на целото семејство.

„Фотографиите мора да дадат одговор на прашањето „Како највеќе ги сакате производите на Алпско млеко“, па затоа земете ги мобилните в раце и одветете нé на вашата трпеза или во вашиот двор, тераса, кујна или каде и да уживате во млекото, павлаката, јогуртот... вие или вашите малечки. Сакаме да знаеме што е тоа што ви предизвикува задоволство , па пријавете се и добијте убави награди“ - додаваат од Алпско млеко.

Конкурсот е отворен од 4 до 24 септември, а секој учесник има право да испрати максимум три фотографии на официјалната Фејсбук страна на Алпско млеко. Првите десет (10) фотографии со најмногу лајкови влегуваат во потесен избор од кои стручното жири ќе одбере три (3).

Праќајте фотографии, споделувајте, лајкнувајте! Среќно на сите!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура