На 1-ви и 2-ри ноември, Скопје ќе биде домаќин на „Самит Македонија2025“.
Самитот претставува динамична платформа за споделување на знаења од областа
на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите. На
настанот ќе присуствуваат над 50 врвни говорници и публика составена од над 300
дипломати, директори, претприемачи, академици и млади лидери, кои ќе имаат
уникатна прилика за вмрежување, размена на искуства, градење идни
партнерства и соработка. Настанот стана водечка платформа во регионот, a
Македонија препознатлива дестинација каде што можат да се слушнат последните
светски трендови кои ја движат економијата.
Оваа година говорници на Самитот МК2025 ќе бидат: Суан Хианг Ли – Претседател
на Бордот за економски развој во Сингапур; Вања Јосифовски – Главен технички
директор на Pinterest; Алек Ицев – Инженерски менаџер во Google; Ацо
Момчиловиќ од хрватската Римац Автомобили - Производител на најбрзите
електрични автомобили во светот; Рубен Вардањан - Влијателен руско-ерменски
претприемач, Тјаша Фицко - Заменик-градоначалник на Љубљана, како и многу
други звучни имиња.
На првиот ден, познати менаџери, претприемачи, функционери и
претставници од академската фела со публиката ќе ги споделат најдобрите
практики, кои овозможија мали држави споредливи со Македонија да изградат
одржливи економски модели за раст, а значително внимание ќе биде посветено
и на глобалните економски трендови, предизвици и можности. Веќе вториот
ден, успешни лидери ќе зборуваат за значењето на медиумите и
телекомуникациската индустрија, одржливите извори на енергија, како и за
развојот на паметните технологии во Македонија и во светот.
За да бидете дел од Самитот Македонија 2025, регистрирајте се на
официјалната веб-страна -
https://mk2025summit.com. Редовната регистрација е
отворена до 25-ти октомври со поволности за мали и средни претпријатија.
Доцната регистрација е предмет на достапност.
Повеќе информации на: http://www.macedonia2025.com/
За сите дополнителни информации во врска со Самитот и програмата, слободно
контактирајте нè.