X
 25.09.2017 Технологија

Промени во раководството на ВИП

Телекомуникациската компанија оне.Вип го објавува назначувањето на Мислав Галер како нов извршен директор. Тој обврските на новата функција ќе ги превземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар Ковачевски кој одлучи да ја напушти компанијата и да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот.


 Димитар Ковачевски / Мислав Галер 

Димитар Ковачевски останува во оне.Вип до крајот на годината со цел да помогне во веќе започнатите проекти кои се однесуваат на зацврстување и позиционирање на брендот на компанијата, а во исто време да овозможи непречено продолжување на операциите и пренесување на обврските на својот наследник.

оне.Вип ја искажува огромната благодарност до Димитар за неговата работа во компанијата и му посакува многу успех во неговата идна кариера.

Новиот извршен директор на оне.Вип, Мислав Галер доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија. Со големо искуство во сегментот продажба и извршувањето на раководни функции, Мислав се приклучи на Випнет во 2012г. Долгогодишното искуство на динамичниот хрватски пазар, познавање на бизнис трансформација како и на процесите при спојување на компании и продажни тимови, тој сигурно ќе даде голем придонес за уште посилно позиционирање на оне.Вип на македонскиот пазар.

оне.Вип му посакува добредојде на Мислав како нов извршен директор. Сигурни сме дека со своето големо искуство во оваа област ќе ја направи компанијата уште посилен играч на пазарот.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија