Иницијативата Ideas for Action е организирана од Светска банка и Зиклин центарот при Вортон школата за бизнис на Пенсилванискиот универзитет. Иницијативата е отворена за сите лица меѓу 18 и 35 години, кои имаат идеја која би можела да помогне во остварување на Целите за одржлив развој на ООН. Најдобрите проекти ќе бидат поканети на Годишното собрание на Светска банка и ММФ, каде ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти и потенцијално да стапат во контакт со луѓе кои финансиски би ги подржале нивните проекти.
Повеќе информации можете да пронајдете
ТУКА.