Телекомуникациската компанија Вип ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство најавува нова атрактивна промоција преку која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2018 година со многу повеќе комуникација, подароци и изненадувања.
Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифата Vip Mobile L добиваат зголемен 4G интернет од 10GB засекогаш, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи, како и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Имено, сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат ексклузивно Samsung Galaxy Ј3 2017 и тоа со месечна рата од 239 денари или Motorola Moto C 4G за само 1 денар и уште многу други смартфони.
Вип има изненадување и за корисниците на Vip Комбо со кое корисниците покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, добиваат и празничен подарок и тоа полнач за телефон, слушалки или wi – fi рутер. Сите Vip Combo корисници кои ќе склучат нов договор на 24 месеци добиваат можност да набават SMART телевизори по намалена цена, почнувајќи од 499 денари месечно.
“Празничната сезона е време за дарување и уживање во неограничена комуникација со најблиските и затоа нашата намера е да ги разубавиме празниците за нашите корисници овозможувајќи им уште повеќе комуникација, можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни услови и секако да добијат многу подароци. Новогодишната промоција на Вип е вистинска можност за сите да се израдуваат себеси или да им подарат нешто незаборавно на своите најблиски, а ние како компанија уште еднаш да ја потврдиме посветеноста да обезбедиме комуникација по најповолни услови“, изјави Мислав Галер, Извршен директор во Вип.
За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на
www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234