Проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да “ влезе ” воздух.
Зима, некој ја сака некој не..Студеното време бара прилагодување на човекот но и на просторот во кој живеее. Како што се намалуваат температурите, идејата за подолготрајно проветрување станува се помалку добра. Првенствено заради тоа што не сакаме да ги изладиме просториите во кој престојуваме, но и заради заштеда на трошоците за греење. Но и покрај тоа задолжително мора да проветруваме со што ќе избегнеме создавање на мувла во домот.Правилно проветрување на домот спречува создавање на мувла
Со добра изолација на ѕидовите на објектот и прозорци кои добро дихтуваат, внатрешните ѕидови во зима остануваат топли. Доколку во просторот сепак навлезе студен воздух или влажност, ѕидовите кондензираат влагата навлегува во нив.Тоа се совршени услови за настанување на мувла. Во лето се случува обратен процес. Во просторијата навлегува топол и влажен воздух кој кондензира на топлите ѕидови. Со што пак пости опасност од создавање на мувла.
-„Проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да “влезе” воздух. Треба да создадеме услови за струење на воздухот, провев. Тоа се постигнува со отворање на повеќе прозорци, спротивно поставени, за да започне струење на воздухот. Така настанува провев и застојаниот воздух излегува надвор, а на сметка на тоа во просторијата влегува нов, свеж воздух“. – ни одговорија од регионалното претставништво на РЕХАУ, кои ги консултиравме за овој проблем.
Избегнувајте да ги оставате прозорците подолго време отворени на кип. Воздухот не се разменува доволно а просторијата се лади. Така се троши повеќе енергија за греење, бидејќи топлината се губи низ прозорецот кој е долго време отворен на кип.
Ова е табела која ја покажува должината на проветрувањето во зависност од годишното време
Проветрување на кујна, бања и спална соба
Во кујната и бањата од самото готвење и туширање се создава многу повеќе влажност отколку во другите простории. Тие мора да се проветруваат многу почесто, во зависност од интензитетот на нивното користење. Спалната соба задолжително се проветрува наутро.
Од она што го најдовме со истражување на пазарот на прозорци, РЕХАУ како водечки понудувач на системски решенија од полимери нуди иновативно решение, кое е уникатно и ново на пазарот и кај кое системот на вентилација е совршено интегриран во рамката на прозорецот.На таков начин заштедуваме на одржување на топлината во домот, немаме бучава, нема полен и што е најважно нема мувла.