Чест ни е да најавиме дека во текот на наредната недела ќе посетиме неколку универзитетски кампуси низ државата каде што ќе го презентираме ИТ Лабс за сите студенти и дипломирани инженери што бараат место каде да ја започнат својата кариера во ИТ-секторот!
На 20, 22 и 23 март, ќе се одржат сесии на кои студенти и дипломирани инженери ќе можат да дознаат повеќе за ИТ Лабс и за тренинг-програмата дизајнирање на чипови со HDL!
За што ќе се зборува?
На овие сесии извршниот директор на одделот за човечки ресурси, Фросина Зафировска, ќе зборува за тоа како е да си вработен во ИТ Лабс: од можностите што ги нудиме за млади и амбициозни инженери до програмите што ги имаме за раст и развој во рамките на компанијата. Исто така, на овие сесии ќе имате можност да го слушнете и Благој Ќупев, CIO (Chief Innovation Offier) во ИТ Лабс, кој ќе зборува за тоа што е FPGA, каде се применува технологијата и што ќе содржи програмата за дизајнирање на чипови со HDL.
По нивното излагање, ќе следува сесија на која ќе одговараат на прашањата од публиката.
За кого се наменети овие сесии?
Доколку си студент на факултетите по информатика и компјутерско инженерство или си дипломирал на нив и размислуваш за кариера во ИТ-секторот, ова е за тебе!
Ќе дознаеш како е да се работи во средина во која можеш да учиш и да напредуваш, и да работиш со најнови технологии!
Кога и каде?
- 20.3.2023 со почеток во 13:00 - Штип - Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“
- 22.3.2023 со почеток во 17:00 - Скопје - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- 23.3.2023 со почеток во 13:30 - Битола - Технички факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“
ИТ Лабс ве очекува!
(Комерцијална објава)