Кога на 4 години мајка ѝ ја однела во школа за цртање, наставникот Петар Беслач бил скептичен дали е вистинско време Теодора Стојановска да почне да учи. Но, како што одминувале неделите и месеците, таа сè повеќе уживала во часовите, а и ден-денес црта со истиот наставник. Теодора сега има 9 години, собира награди на ликовните конкурси, но и на натпреварите по пливање, нејзината втора љубов.