17.12.2018
Култура
Стинг се враќа во Македонија
Стинг се враќа во Скопје на 2.6.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена „Филип Втори“.
Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува „best off tour“, Стинг ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Police“ и од соло-кариерата.
„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок-ѕвезди на светот на сите времиња.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда (19 декември) во 9 часот наутро.