Оваа година, од 19 до 21 февруари, Бордот на Европски Студенти по Технологија - БЕСТ Скопје организира уште едно издание на најголемиот европски инженерски натпревар - EBEC, под името EBEC Challenge. Овој натпревар овозможува на студентите од нашата земја да ги истакнат своите способности за креативно решавање на инженерски проблеми и предизвици, а на компаниите соработнички им се пружи можност за директен контакт со најдобрите студенти и одлична шанса за нивна регрутација.
Натпреварот ќе биде одржан во просториите на компанијата Johnson Matthey, која е овогодишен партнер и поддржувач на EBEC Challenge.
Настанот ќе започне на 19.02 со свечено отворање, а потоа ќе се одржи панел дискусија на тема: „Project Based Learning - Македонија наспроти Европа“.
Во текот на наредните два дена, учесниците ќе се натпреваруваат во две категории: Case Study & Team Design.
Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од компанијата, како и професори од техничките факултети при УКИМ.
EBEC (European BEST Engineering Competition), годинава како EBEC Challenge ќе се одржува во две рунди: локална и регионална. Победниците на локалната рунда ќе отпатуваат оваа пролет во Ниш, Србија каде ќе се натпреваруваат со победниците на останатите локални рунди од регионот.
Посетете ја официјалната веб страна ebec.best.org.mk за повеќе информации околу настанот и пријавување на настанот.
БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација, целосно водена од студенти. Наша цел е континуирано да придонесуваме за културен и академски развој, како и зближување на студентите од цела Европа.
БЕСТ на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени.
БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.