X
 06.03.2018 Живот

Прогноза за времето во наредните пет дена

Денес е вторник, 6 март 2018 година, 65-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:56, а ќе зајде во 17:33 часот.

Ова утро во Македонија преовладува умерено облачно и топло време, со високи утрински температури за овој период од месец март. Намалена видливост до 100м. поради магла има во Крушево.

Утринските температури по градови се следниве: Скопје, Охрид и Битола 7 степени, Тетово и Крушево 4, Прилеп 6 степени. Велес 7, Штип и Струмица 8 степени, Гевгелија 9, Берово и Кочани 5 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес умерено облачно и нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд, ветровито и топло време со темпертури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период од годината.. Над 2000 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури од 7 до 18 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес умерено облачно и нестабилно време со слаби врнежи од дожд, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен јужен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време. Утринските температури од 1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 19 степени. Во четврток преодна дестабилизација на времето, умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и топло време за овој период од годината, иако дневните температури ќе бидат во опаѓање. Минималните од 2 до 8 степени, додека пак максималните дневни од 5 до 16 степени. Во петок посвежо утро со утрински температури од 0 до 6 степени,а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и температура од 8 до 19 степени. Во сабота претежно сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе бидат високо над повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 10 односно до 21 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди и температура до 15 степени. Во четврток умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и максимални 12 степени. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност, а во сабота сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и ќе достигнат до 15 односно до 17 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот во Скопје и Тетово имаме средно ниво на загадување на воздухот, а на останатите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички насекаде е во границите на дозволеното.

Во изминатите 24 часа количество на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа од 132 до 66 микрограми на метар кубен (Ректорат 132, Лисиче 110, Центар 94 микрограми на метар кубен, Карпош, Миладиновци, Гази Баба 66 микрограми на метар кубен). Во останатите градови: Кичево 187, Велес 145, Гостивар 129 микрограми на метар кубен, Тетово 118, Куманово 107, Кочани 101 микрограми на метар кубен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот