X
 18.09.2019 Наука

Астрономи ја забележаа најмасивната неутронска ѕвезда

Астрономи од Универзитетот во Западна Вирџинија тврдат дека ја откриле најмасивната неутронска ѕвезда, која има двојно поголема маса од Сонцето во сфера која е широка само 15 милји.

Неутронските ѕвезди се директно видливи од Земјата, претежно во форма на пулсар и се најгустите видливи објекти во универзумот. А оваа е и најтешката.

Неутронска ѕвезда е вид остаток од ѕвезда која се формира поради гравитациски колапс на масивна ѕвезда во текот на супернова. Ваквите ѕвезди се составени речиси само од неутрони, кои се субатомски честички без електрично полнење и речиси со иста маса како и протоните. Неутронските ѕвезди се многу жешки, но не е можен понатамошен колапс поради принципот на исклучување на Паули. Овој принцип вели дека два неутрона не можат истовремено да заземат квантна состојба.

Ѕвездата, која е наречена J0740+6620, е детектирана со користење на телескопот „Грин Банк“ и трудот во кој е објаснето откритието е објавен во „Нејчр астрономи“.

За да сфатат колкава маса има, истражувачите измериле колку гравитација има околу ѕвездата од блиска ѕвезда.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука