Легендарниот актер Џон Малкович зборува за најдобриот животен совет што го добил, за неуспесите, суетата и љубовта со истата личност, која трае 30 години.
- Татко ми секогаш ја кажуваше оваа
реченица за природата на животот: „Џони, кога ќе го повлечеш конецот, мораш да очекуваш вода што ќе ја исплакне веце-школката“. За мене тоа би значело дека ако продолжам да го работам она што го работам, тогаш и последиците се неповратни и неизбежни. Мојот татко секогаш јасно даваше до знаење дека морам да создадам сопствен живот, свој избор.
За парите
- ...и понатаму не мислам дека парите можат да направат некого среќен - можеби подарежлив и помалку невротичен, но и понатаму создаваа многу проблеми.
За поразите и неуспесите
- Имав долга и лична врска со неуспехот. Видете, ќе доживеете неуспех и го знаете тоа. Најголемите уметници, политичари и сликари, сите доживеале неуспех. Сите доживуваат порази, така што мора да бидете самокритични и да прифатите неуспех. Воспитан сум да бидам самокритичен. Кога бев помлад, никогаш не ми беше кажано дека сум добар во нешто.
Фото: Screenshot/YouTube
За книгата што продолжила да го инспирира со текот на годините
- Книгата на која постојано се враќав е „Врева и бес“ од Фокнер. Тоа е неверојатна мешавина од расизам, омраза, загуба, тага, распаѓање и корупција. Една од највпечатливите реченици е кога таткото му вели на синот:
- Ниедна битка не е добиена. Тие дури не се ни бореа. Полето единствено му ја открива на човекот неговата глупавост и очај, а победата е илузија на филозофи и будали.
За суетата и нејзината улога во неговиот живот
- Потребна ви е голема суета. Јас секогаш велам дека стилот е една константа во животот - но не стилот во смисла на богатство или сиромаштија, или како сте облечени, туку како одите низ светот. Во некои случаи не е возможно да се оддели суетата од гордоста. Затоа не сакам кога луѓето ќе обвинат некого дека има големо его. Не го сфаќам тоа. Дали тоа значи дека таа личност има здраво его или дека сака да биде идолизирана? Мораме да имаме его за да се обидеме да го извлечеме најдоброто од себе, со сите наши таленти или да го надминеме фактот дека воопшто не сме надарени.
За љубовта
- Компромис. Ако имате потреба секогаш да бидете во право, шансите да успеете се мали.
Извор:
Bizlife.rs