X
 19.01.2017 Живот

Еколошка утопија: Во 2121 година светските градови ќе изгледаат вака

Доктор Алан Маршал, кој е професор по екологија, создал проект кој го нарекол „Екотопија 2121“. Тој замислил како во иднина би можеле да изгледаат некои од светските градови, доколку би станале „еко пријателски“ односно кога владата и жителите би се посветиле кон зачувување на животната средина.

Неговата оптимистичка визија за светот во книгата е проследена со богата илустрација.

Лондон

Доктор Маршал предвидува дека летото 2121 година може да доведе до економски колапс. Околу 100.000 пензионери ќе излезат на улиците на Лондон за да протестираат против намалувањето на пензиите и намалениот буџет за образованието. Тие околу 20 квадратни километри од Лондон ќе ги претворат во еко село, а празните канцеларии во домови, со што ќе воспостават еколошки продавници за размена на услуги и производи.

 

Акра

Главниот град на Гана секоја година е изложен на катастрофални поплави, а климатските промени ќе ги направат уште полоши. Доктор Маршал смета дека решение за овие проблеми би можеле да бидат куќички на дрво.

 

Лос Анџелес

Доколку сите залихи на нафта се потрошат во следните стотина години, автомобилите во Лос Анџелес би можеле да се заменат со еколошки трамвај. Меѓутоа, автомобилите не би биле целосно бескорисни бидејќи би можеле да се искористат како градежен материјал.

 

Четемските острови

Жителите на Четемските Острови, кои денес ги има околу 700, се познати по нивната мирољубивост. Тие претрпеле геноцид од страна на Маорите, но не се откажуваат од пацифизмот. Доктор Маршал смета дека овие острови во 2121 година би можеле да бидат центар на учење за пацифизмот и дека тука ќе се наоѓа школа за мирот.

 

Салто дел Гуиара

Овој град се наоѓа на границите меѓу Бразил и Парагвај. Некогаш бил познат по прекрасните водопади, но бразилската влада во 1982 година кренала брана и ги срушила ѕидовите преку кои паѓа вода.

Вака во иднина би можеле да изгледаат градот Салто дел Гуиара и водопадите Гуиара, каде паѓа браната, а локалното население ќе се грижи за градот кој повторно ќе стане туристичка атракција.

 
Велингтон

Главниот град на Нов Зеланд би можел да стане Средната земја на Толкин. Во Нов Зеланд режисерот Питер Џексон веќе ја смести земјата која ја замислил писателот Толкинг, кога ја снимал трилогијата „Lord of the Rings“ и „The Hobbit. Жителите на Велингтон би можеле да живеат во еколошки куќички направени од природен материјал и сместени под површината.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот