X
 19.03.2024 Живот

ЕКО маскенбал во „Рамстор мол“

Пристигнува најзабавниот ЕКО маскенбал во градот

Дали сте подготвени?

Пристигнува најзабавниот ЕКО маскенбал во градот!

На огромно задоволство на сите дечиња, „Рамстор мол“ во соработка со Шпаркасе банка и „Пакомак“, традиционално и оваа година го организира најзабавниот ЕКО маскенбал!

ЕКО маскенбалот оваа година ќе се одржи на 1 април во 18 часот во просториите на „Рамстор мол“, каде што сите заедно ќе се забавуваме!

Сите дечиња што се заинтересирани ќе можат да земат учество во ЕKO маскенбалот со изработка на ЕКО маска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали што може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.

Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на инфопултот на маркетот во „Рамстор мол“ најдоцна до 31.3.2024, или најдоцна 1 час пред почетокот на настанот на 1 април, на самото место на одржување на настанот.

Трите најкреативни маски ќе добијат награди – вредносни ваучери за отворање детски депозит од Шпаркасе банка. За прво место 7.000 денари, за второ место – 5.000 денари и за трето место - 3.000 денари.

Разбудете ја креативноста на вашите најмили, подигнете ја еколошката свест, забавувајте се при изработката на маските, бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1 април во „Рамстор мол“!


(Комерцијална објава)


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот