X
 19.05.2020 Култура

Европската награда за литература за „Страв од варвари“ на Петар Андоновски

Романот „Страв од варвари“ од Петар Андоновски ја освои Европската награда за литература, што ја доделува Европската Унија. Изданието на „Или-Или“ е меѓу 13-те наградени книги на автори од исто толку земји од Европа.

Освен Андоновски, кандидати за наградата од Македонија беа уште две изданија на „Или-Или“ - Давор Стојановски за „Утеха за голите“ и „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски, како и Ѓорги Крстевски за „Другата страна“, издание на „Бегемот“.


Петар Андоновски

„Страв од варвари“ е трет роман на Андоновски, а е објавен во 2018 година. Европската награда за литература досега ја добиле: Лидија Димковска („Резервен живот“), Гоце Смилевски („Сестрата на Зигмунд Фројд“) и Ненад Јолдески („Секој со своето езеро).

Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура