До крајот на месецов можете да аплицирате на повеќе огласи за вработување во државната администрација.
До денес се активни два огласа за вработување во Дирекцијата за заштита и спасување (можете да ги видите
ТУКА и
ТУКА), еден оглас за вработување на
27 службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, еден оглас за вработување во
ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје и еден оглас за вработување во
Министерството за правда.
Задутре истекува рокот за аплицирање на огласот за вработување на 4 службеници во
ЈП Водовод и Канализација - Скопје, додека четврток е последен ден за аплицирање на двата огласи за вработување во Државниот завод за ревизија (
ТУКА и
ТУКА) и еден оглас за вработување во
Министерството за одбрана.
Огласот за вработување на 5 службеници во ЈСП-Скопје е активен до 23 јули, а оној за вработување во
Државниот инспекторат за животна средина до 24 јули.
До 26 јули, пак, можете да аплицирате на два огласа за вработување во Државниот инспекторат за животна средина (
ТУКА и
ТУКА) и еден за вработување на
5 службеници во Државниот завод за ревизија.
За вработување во
Агенцијата за стоковни резерви и во
Кабинетот на претседателот можете да аплицирате до 27 јули, а на 28 истекува рокот за аплицирање на огласите за вработување во
Министерството за здравство и во
Дирекцијата за радијациона сигурност.
До 31 јули се активни огласите за вработување на
10 службеници во Агенцијата за катастар на недвижности и оној за вработување во
Министерството за култура.