X
 20.03.2020 Живот

Мини и Макси на Државна лотарија додели уште едно „бе-ем-ве“ X1

Пред салонот М-Кар доделивме уште еден автомобил „бе-ем-ве“ X1 од инстант-лозот Мини и Макси.

Среќниот добитник на кој денес му ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Небојша Стошиќ од Скопје.

Имено, Небојша е верен играч на Лото 7, вели дека не поминува коло без да ги уплати своите среќни броеви, но исто така секогаш купува инстант-лозови каде што главната премија е автомобил.

Овој пат купил повеќе лозови од продажното место „Саде - С“ во Скопје, а ги изгребал по неколку дена.

Еден од неколкуте лоза му ја донел главната премија од Мини и Макси и атрактивното „бе-ем-ве“ X1.



Небојша вели дека е пресреќен за добивката и иако одамна посакувал нов автомобил, тој не очекувал дека ќе биде добитник на еден од 15 автомобили што ги нуди инстант-лозот Мини и Макси.

На сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им посака да бидат упорни и да веруваат во среќата затоа што ќе ги изненади кога најмалку очекуваат.



Инстант-лозот Мини и Макси нуди 5 автомобили MINI One и 10 автомобили BMW X1, како и многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција и МАКСИ добивка со овој инстант-лоз.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот