X
 20.04.2019 Живот

Сите улици во ова село имаат исто име - Сталин

Сталин е првото име на кое жителите на Славјанка помислуваат кога станува збор за споредни улици. Всушност, сите 25 споредни улици во ова сибирско село го добиле името по озлогласениот советски диктатор.

Иницијативата била замисла на селскиот поглавар Вјачеслав Зујев, тврди локалното население, додавајќи дека тој инсистирал секоја патека да се вика „Генералисмо Сталин“.

Неколку жители велат дека немаат проблем со тоа што нивните улици го носат името на Сталин, чие владеење обично се изедначува со терор и политичка репресија.

За време на Сталиновата „Голема чистка“ стотици илјади луѓе биле убиени, додека милион други луѓе биле испратени во логори познати по тешките услови и бруталните третмани на затворениците.

Главниот проблем што жителите на ова село го имаат во врска со името на улиците е тоа што службениците во регистрите често погрешно го пишуваат зборот „Генералисимо“ кога ја пишуваат нивната адреса.

- Во мојот пасош двапати направија грешка - вели еден жител.

Селото Славјанка било создадено во 2008 година. Многу куќи во селото се делумно изградени и ненаселени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот