По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно зедоа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“.
Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.
Покрај скопските матуранти, оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.
Во изминатите години учесниците од стотина градови од Северна Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска во седум наврати поставија Гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.
Извор: МИА