Сите сме сведоци на ултрабрза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат...
Ниеден од корисниците на овие услуги, без разлика дали е индивидуа или компанија, не троши време да размислува зошто го прави тоа. Го прави затоа што така му е полесно, поевтино, побрзо, безбедно и ефикасно и затоа што секоја нова можност треба да се искористи. Тоа е во инстинктот на секој човек, а особено на генерациите Y, Z итн.
Една од банките што брзо ги препознаa овие промени и потреби на граѓаните е Комерцијална банка, која ја изненади јавноста со освежено лого, нова кампања со пораката „Полесно е заедно“ и со комплетно нова веб-страница
https://www.kb.mk, која ги прави понудата и работењето на Банката уште поблиску до клиентите. Комерцијална банка, најголемата и единствена голема банка во земјава без доминантен странски капитал, излезе со ваква силна порака и кампања затоа што веќе разви ефикасна Интернет банка и мобилни апликации мБанка и мБанкаКо, отвори дигитални експозитури, постави напредни банкомати за исплата и уплата на готовина и понуди низа производи и услуги за електронски финансиски трансакции.
Со сите овие промени и инвестиции Банката стана уште поблиска до секој граѓанин и до секоја компанија. Комерцијална банка едноставно покажа дека ги разбира потребите и желбите на клиентите. Интересно е што Банката не само што наметнува дигитален финансиски свет за поедноставно живеење и работење, туку го прави овој свет прифатлив за секого.
(Комерцијална објава)