X
 20.10.2023 Живот

Мајорел денови на вработување во месец октомври

Виртуелните денови на вработување во Мајорел продолжуваат и оваа сезона.

Во месец октомври повторно ќе имате можност да се дружите со регрутерите во Мајорел и да ги дознаете постоечките и новововедените бенефиции кои им следуваат на вработените во Мајорел. За таа цел Мајорел ве поканува на настанот за вработување „Follow your career passion - Get Hired in 10 Minutes!“кој ќе се одржи во месец октомври 2023!

Мајорел вработува специјалисти за корисничка поддршка за своите клиенти од туристичката индустрија, телеком-индустријата и е-трговијата. За работните позиции не е потребно претходно работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски јазик.
Мајорел обезбедува компетитивни плати, бонуси за постигнати резултати, бонуси за препорака, платен тренинг, приватно здравствено осигурување и други бенефиции. Важно е да се напомене дека постои можност за работа од дома и работа од канцеларија. Конкретно за работните позиции за Водафон, Мајорел обезбедува и сместување во Скопје за време на тренингот, по кој вработениот може да продолжи со работа од дома. Исто така, следува и бонус за успешно завршен тренинг и бонус за лојалност.

Без разлика дали сте искусен професионалец или сакате да ја започнете вашата кариера, овој настан претставува одлична можност да се поврзете со регрутерите и да ги истражите можностите за работа во Мајорел.

Со учество на настанот:
• Ќе се поврзете со Мајорел: ќе разговарате еден-на-еден со регрутерите и ќе добиете информации за кариера и можности за раст во Мајорел;
• Ќе дознаете повеќе за Мајорел: ќе ја откриете културата на Мајорел, вредностите и возбудливите проекти на кои тимот на Мајорел работи. Ќе ја разберете посветеноста и извонредноста при корисничките услугите;
• Ќе ги презентирате вашите вештини на германски јазик: ако зборувате германски, овој настан е одличен за да го покажете вашето владеење на јазикот и неговата примена при извршување на работната позиција;
• Ќе имате брз и лесен начин на вработување: ќе се запознаете со процесот на регруатиција, кој вклучува и тестирање на вашите јазични вештини преку кратко интервју за работа.



За учество на овој настан, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот за регистрација на следниов линк - https://bit.ly/3SdFP3B

Мајорел обезбзедува исклучителна корисничка поддршка за своите клиентите и бара кандидати кои ја споделуваат страста за обезбедување на врвна услуга. Со приклучување на тимот ќе станете витален дел од глобалното семејство на Мајорел, работејќи во опкружување со поддршка што го негува личниот и професионален раст.

Ги охрабруваме сите што зборуваат германски јазик да ја искористат оваа можност.

Не пропуштајте ја шансата да станете дел од тимот на Мајорел!

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот