X
 20.11.2018 Култура

Британците најдоа креативен начин како да ги вклучат бегалците во општеството

Музејот за историја на науката во Оксфорд му посака „добре дојде“ на новиот тим од водичи од заедниците во кои арапскиот е мајчин јазик.

Тимот од 26 волонтери од Сирија, Ирак, Судан, Зимбабве и Оман на својот мајчин јазик ќе води тури за бегалци, но и за локални жители со арапско потекло.

Целиот проект е идеја на самиот музеј, но и на музејот „Пит Риверс“, со цел создавање можности луѓето да се поврзат на што подобар и полесен начин.

Проектот е наречен „Мултака“, што на арапски значи место за средба.

- Во текот на претходните седум години подобро разбравме која улога може да ја имаат музеите во поддржувањето на социјалната инклузија и сега можеме да соработуваме со локалните организации за да ги поддржиме заедниците во Оксфорд. Освен што нуди пракса, проектот нуди и лична поддршка, како што е чувството за инклузија - истакнува Никола Брд, проект-менаџер.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура