Веб-страницата за временска прогноза „Акуведр“ направи голема прогноза за пролетва во Европа во која наведува дека зимските временски услови ќе продолжат во некои европски земји, додека некои делови од нашиот континент малку подоцна ќе се соочат со потенцијално опасни бури.
Некои држави во Европа се соочуваат со суво време без силни врнежи, поради што се стравува за можна суша во претстојниот период. Меѓутоа, временската прогноза најавува бури и пролетни врнежи во Југозападна Европа. Зголемувањето на пролетните врнежи во јужните региони предизвикува загриженост кај метеоролозите за можни поплави во Италија и на Балканот.
- Со оглед на тоа колку е топло Средоземното Море, бурите би можеле да донесат дополнителна влага и да доведат до зголемени закани од поплави. Ова е особено загрижувачко за западните падини на Апенините и Динарските Планини - изјави Тајлер Ројс, виш метеоролог во „Акуведр“.
Поголемиот дел од Југоисточна Европа, вклучително и нашиот регион, во вториот дел од пролетта ќе се соочи со натпросечни температури. Од Рим до Букурешт, температурите во средината на март беа на ниво на типичните за крајот на април, а овој тренд на затоплување ќе продолжи и во наредните месеци, придружени со повремени дождови. Невреме треба да се очекува и на Балканот кон крајот на пролетта.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay