X
 22.04.2018 Култура

Најоддалечените места во светот

Како што продолжуваат да напредуваат инфраструктурата и технологијата во светот, станува сè полесно и полесно да се патува низ светот. Меѓутоа, сè уште постојат некои места на Земјата до кои не е лесно да се стигне. Ова се петте најоддалечени градои во светот. Што е потребно за да се стигне до нив?

Ојмјакон, Русија

1
Фото: Wikipedia

Зафрлен во далечниот агол на Сибир, овој руски град е познат како едно од најстудените населени места во светот. Зимските температури достигнуваат до -58 степени Целзиусови. Исто така, невозможно е да се одгледуваат култури на ваква температура, така што луѓето преживуваат јадејќи месо од ирваси, замрзнати риби и коцки мраз од крв на коњи со макарони.

Како студот да не е доволен предизвик, па потребни се неколку дена за да влезете или да излезете од регионот. Можете да фатите лет од Москва до градовите Јактуск или Магадан, меѓутоа и тие се оддалечени 900 километри од Ојмјакон.

Супаи, Аризона, Америка

supai
Фото: Wikipedia

Оддалеченото село на индиското племе Хавасупаи се наоѓа во најзападниот дел на Големиот кањон и е отворено за посетители кои резервираат кампови. Звучи лесно, нели? Воопшто не е. За да стигнете до ова место, потребно ви е да возите 4 часа од Големиот Кањон до селото Хавасупаи Хилтоп. После тоа, потребно е самите да пешачите, бидејќи тоа е единствен пат до Супаи. Центарот за национални паркови препорачува да си дадете три дена за да стигнете до таму. Ако не сте по пешачењето, тогаш јавањето коњ и хеликоптерот се опција.

Островите Кергелен, јужните француски и антарктички земји

ostrovi
Фото: Wikipedia

Наречени „Ненаселени острови“, оваа група острови во Индискиот океан е достапна со брод само четири дена во годината. Островите се оддалечени 3.220 километри од цивилизацијата и тука се наоѓаат најнегостопримливите планини и глечери. 45-те од  вкупно 100 истражувачи што живеат на островите се соочуваат со 300 дена дожд, лапавица или снег и ветрови толку силни што летачките инсекти на овие острови еволуирале да бидат без крилја.

Островот Сокотра, Јемен

sokotra
Фото: Wikipedia

330 километри од брегот на Јемен во Индискиот, Сокотра е толку изолиран што една третина од неговите растителни и животински видови не се наоѓаат на ниту едно друго место на Земјата.

Многумина велат дека посетата на Сокотра е како посета на друга планета, што ја прави особено популарна дестинација меѓу туристите. Сепак, патувањето таму отсекогаш било проблематично поради двата годишни монсуни и распространетоста на пиратите.

Округот Мотуо, Кина

kina
Фото: China Daily

Округот е сместен на јужната страна на Хималаите, и е единственото место во цела Кина беза патишта што водат до него и надвор од него. Властите многу пати се обиделе да создадат услови за посета на ова место, меѓутоа силата на природата, како што е лизгањето на земјиштето ја попречувало изградбата на било каков вид пристапни патишта во областа.

Иако е едно од најоддалечените места во светот, туристите се обидуваат да го посетат, иако потребно е да се знае дека треба да бидат подготвени на сè.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура