Првата сказна на сезнајката Биби, „Биби и животните“, за нецел ден ја проследија повеќе од 5.000 гледачи на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi. На големо задоволство на тимот на проектот „Светот на Биби“, првата сказна посветена на омилените другарчиња на Биби, веќе им е омилена на децата.
Биби многу ги сака животните и е нивна заштитничка. Сака да игра со нив, се грижи за нив во блиската шумичка до нејзиниот дом. Природата има свои правила кои сите треба да ги почитуваат, токму тоа сака да ги поучи Биби дечињата.
„Светот на Биби“ е проект инициран од тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк. Режисер на проектот е Гоце Цветановски, креативен директор е Тхе Мичо (Михајло Димитриевски), а сценариото е на Билјана Црвенковска. Гласот на Биби го позајми актерката Слаѓана Вујошевиќ.
Доколку ви се допаѓа кликнете
„Subscribe“ на ОВОЈ ЛИНК и следете го светот на Биби, следуваат доста изненадувања!