„Ајде биди другар, земи рака за помош и верувај во нас. Немој да се срамиш, туку в неволја ти дојди, крени ти глас, другари сме, знај...“ – вака пеат Биби и Боби во нивната нова песничка „Другари сме, знај“. Мелодијата ќе им биде препознатлива на сите вљубеници во рокенролот – тоа е хитот на „Битлси“ – „We can work it out“.
Текстот за „Другари сме, знај“ го напиша Билјана С. Црвенковска, пеат Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев, а аранжманот е на Ангел Ќосев. Песната е снимена во студиото „Подрумот“. Режисер и аниматор на видеото е Димитар Аризанов.
„Другари сме, знај“ им се придружува на колекцијата песнички од „Светот на Биби“ кои децата веќе ги знаат наизуст – „Подајте си рака“, „Сакам да си играм“, „Биби јееј“, „Роденденска песна“ и други.