X
 23.01.2019 Наука

Микророботи ќе се вградуваат во човековите крвни садови

Швајцарски истражувачи од лозанскиот ЕПФЛ институт и ЕТХ Цирих создадоа микророботи кои можат автоматски да го менуваат обликот и да го приспособуваат според тоа каде се наоѓаат и ќе може да се вградуваат во човековите крвни садови. Нивната намена би била да нѐ снабдуваат со лекарства или да ги прочистуваат артериите.

Микроапаратите ќе бидат автономни при движењето. Изработени се од слоеви биокомпатибилен хидрогел склопен како оригами, кој често се користи во оваа софистицирана индустрија поради неговата главна намена – приспособливоста во организмот, што пак го намалува ризикот од внатрешни повреди.

- Нашите роботи содржат посебна градба и структура, кои им овозможуваат да се адаптираат кон својствата на телесните течности. На пример, при промена на вискозноста (отпор при движење) или на осмотската концентрација, микророботите го менуваат обликот за да се зачува брзината, како и својата постојаност и насока во движењето - објаснува професор Селман Сакар, раководител на испитувањата.

Овие сознанија може да доведат до создавање микроапарати кои ќе можат да го однесат лекот директно до местата во човечкото тело каде што е потребен.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука