X
 23.03.2021 Образование

Не е сеедно како и каде ќе ја градите вашата професионална кариера!

Вработувањето и задржувањето на најдобрите таленти е меѓу најголемите предизвици за секоја компанија што својот развој го гради врз основа на актуелните трендови во сопствената индустрија. Тоа е предизвик кој е еднакво важен како и воведувањето нови технологии, нови и иновативни портфолија и, како најважен, прифаќањето на дигиталната трансформација. Дигитализацијата е таа што треба да го подобри животот на човекот и неговата интеракција со околината, да ги унапреди бизнисите, да овозможи поквалитетно и поефикасно здравство, образование и наука, како и уште многу други нешта. Се зборува за вештачка интелигенција, виртуелна реалност, за роботика... Се зборува дека со новата технологија дел од нашата реалност ќе станат автономните возила, паметните градови, хируршки зафати и дијагностика на далечина, машини што управуваат со други машини итн. Сепак, за сето тоа да се случи, потребни ни се подготвени луѓе кои ќе ја понесат промената. Потребни се луѓе отворени за нови знаења, мотивирани и задоволни вработени кои ќе го креираат тоа со ентузијазам и од технологијата ќе направат врвна приказна.

Вработените ќе бидат во нашиот фокус и во иднина!

- Личниот развој и професионалниот раст на човечките ресурси се едни од клучните теми во едно успешно корпоративно опкружување. Стратешката определба на Телеком е преку сеопфатен план постојано да креира иницијативи за развој на вработените, а со тоа и на целата организација. Една таква иницијатива е и „Смарт Старт“ - програма со која целиме да привлечеме нови, млади таленти да ни се приклучат и да бидат значаен дел од она на кое компанијата е целосно фокусирана, а тоа е дигиталната трансформација. Програмата е наменета за студентите од 8 различни факултети во земјава што се љубопитни да нурнат подлабоко во сферата што ја изучуваат, а токму со оваа програма тие ќе можат да учат од најдобрите експерти во области како технологии, мрежа, маркетинг... и да бидат дел од тимот што ја создава дигиталната иднина во земјава. Верувам дека студентите што ќе ни се приклучат преку програмата „Смарт Старт“ ќе донесат нова енергија, ентузијазам и автентичност, карактеристики кои претставуваат дел од основните принципи на секоја успешна и иновативна компанија - смета Ставрос Георгакопулос, директор на Секторот за човечки ресурси во „Македонски телеком“.



Младите заслужуваат шанса да се реализираат во својата земја!

„Смарт Старт“ е програма за студенти кои се амбициозни, преферираат флексибилно работно време, но и сакаат да видат како се развиваат нивните автентични идеи, да бидат дел од трансформацијата на бизнисите и предводници во надминувањето на општествениот дигитален јаз.

- Во Телеком како место во кое младите луѓе можат да стекнат многу нови вештини, имам можност да соработувам со луѓе кои работат на различни иновативни проекти и се секогаш подготвени да ги разберат и да ги поддржат моите идеи преку несебично споделување на своето знаење стекнато низ годините - вели Ангелина Стефановска, која работи на дизајнерски решенија за дигиталните канали на Телеком.

„Смарт Старт“ обезбедува можност да се работи на интернационални проекти, за одреден надомест, во средина во која се учи од врвни експерти и во компанија каде што може да се гради успешна кариера. Тоа го потврдува и Бенјамин Ибраими, кој е дел од тимот за дигитално искуство и иновации. Тој вели дека соработката со врвните експерти што работат во Телеком му овозможува да учи многу и да ги збогати своите знаења, на тој начин збогатувајќи ја и својата професионална биографија.

Преку програмата „Смарт Старт“ студентите добиваат ретка можност да бидат дел од еден врвен глобален бренд како што е „Дојче телеком“, технолошки иновативна интернационална компанија која неуморно работи за овозможување поедноставно и подобро секојдневие.

- Со самото работење на интернационален проект се соочив со неочекувани предизвици, но дигитализацијата ме поттикна на креативен начин на размислување out of the box. Тоа ме натера да излезам од мојата комфорна зона, но и да стекнам нови вештини потребни за иднината во мојата професија. Слободно можам да кажам дека сум на правиот пат кон остварување на моите цели и ги живеам моите соништа - вели младиот Дарио Цуцулов, кој се надградува во делот на подобрување на корисничкото искуство со дигиталните канали на Телеком.
Дигиталната трансформација е новата социјална револуција. Ако сте храбри и иновативни, „Македонски телеком“ со својата програма „Смарт Старт“ е вистинското место за градење кариера.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование