За време на анкета, луѓето одговориле на прашањето кои се заедничките особини на натпросечно интелигентните луѓе. Погледнете ги осумте најзастапени карактеристики кои ги имаат интелигентните луѓе
Интелигентните луѓе се поприлагодливи
Интелигентните луѓе се пофлексибилни и снаодливи во различни ситуации. Тие се прилагодуваат и покажуваат дека можат да се направи се без обзир на компликациите и препреките кои се поставени пред нив. Новите психолошки истражувања ја потврдуваат оваа идеја, покажувајќи дека интелигенцијата зависи од способноста за менување на нашето однесување заради прилагодување на опкружението или дури промените во него.
Тие разбираат колку работи не знаат
Паметните луѓе се способни да признаат кога не се запознаени со одредени работи. Тие не се плашат да кажат „не знам“. Се што не се знае, може да се научи. Колку луѓето се помалку интелигентни, толку повеќе ја преценуваат својата способност.
Имаат незаситна љубопитност
Алберт Ајнштајн изјавил: „Јас немам специјални таленти. Јас сум само страствено љубопитен.“
Интелигентните луѓе си допуштаат себеси да бидат фасцинирани од работите кои останатите ги земаат здраво за готово.
Имаат отворен ум
Паметните луѓе не се затвораат пред новите идеи и можностите, туку се подготвени да ги прифатат другите гледишта и отворени се за алтернативни решенија. Интелигентниот ум има силна аверзија да ги прифати работите здраво за готово и поради тоа задржува свои верувања се додека нова идеја не биде претставена со доволно докази.
Сакаат да бидат сами
Високо интелигентните луѓе се индивидуалисти. Исто така тие луѓе покажуваат помала сатисфакција отколку повеќето луѓе кои се социјализираат со своите пријатели.
Имаат самоконтрола
Имаат способност да го совладаат бесот така што ќе планираат, поставуваат цели и истражуваат алтернативни решенија и размислуваат за последиците пред да започнат било што.
Имаат подобра смисла за хумор
Интелигентните луѓе имаат сјајна смисла за хумор. Доказ за тоа е дека професионалните комичари имале повеќе бодови на тестовите на вербална интелигенција.
Чувствителни се на туѓи искуства
Паметните луѓе скоро може да почувствуваат што некој мисли или чувствува. Да се биде емпатичен, приврзан со потребите и чувствата на другите, покажува поголема емоционална интелигенција.