X
 25.04.2019 Живот

Наскоро почнува најголемата регионална е-спорт лига!

На чекањето му дојде крај и новата сезона A1 Adria League powered by ESL е пред вратите. Пријавите за учество започнуваат веќе од почетокот на мај, а третата сезона службено почнува на средината од месецот. А1 Хрватска и ESL за 2019 година подготвија неколку изненадувања – ќе имаме дури две сезони (трета и четврта) во кои ќе се натпреваруваат во две PC и две мобилни игри. Наградниот фонд за двете сезони изнесува 30.000 евра.

Третата сезона ќе се игра онлајн без LAN финале, а сето тоа како вовед во четвртата сезона што ќе следува во втората половина на годината. Тоа значи дека натпреварувачи од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија по летната пауза ќе имаат можност да формираат нови тимови или да ги направат потребните измени. Двете сезони ќе вклучуваат отворени квалификации, а повеќе информации за квалификацискиот процес и за останатите детали ќе бидат објавени на почетокот од мај.

Во втората сезона се одржаа околу 2300 натпревари со над илјада натпреварувачи, а ја следеа дури 140 илјади ентузијасти. Следната сезона се очекува да донесе уште повозбудлива е – спорт година - две сезони, четири игри, едно LAN финале и 30.000 евра со отворени квалификации во кои секој има можност да учествува!

Пред нас е долг пат од квалификациите до LAN финалето во ноември, а него успешно можат да го поминат само најдобрите. Сите кои се подготвени за овој регионален еспорт предизвик нека бидат подготвени да се пријават отприлика за една недела. Stay tuned, повеќе детали за игрите и за натпреварувачкиот календар ви соопштуваме наскоро.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот