На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, катастрофален земјотрес го погоди Скопје, со измерени 6,1 степени според Рихтеровата сеизмичка скала. Земјотресот траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.
Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од кои 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе закопани од своите роднини пред да ги евидентира службата. Повредени биле 2.900 луѓе, а околу 800 останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.
Во продолжение погледнете ги видеата снимени по земјотресот:
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „Град на солидарноста“.
Фото на насловна: Википедија