X
 27.11.2023 Живот

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов - претседател, акад. Алајдин Абази - потпретседател, акад. Витомир Митевски - потпретседател, доп. член Блажо Боев - секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов - секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски - секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова - секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев - секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски - секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ - секретар на Одделението за уметност, - акад. Глигор Каневче - избран член.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот