X
 27.12.2021 Образование

Иницијативата Критичкото преиспитување на правото е активна четири години

Деновиве се одбележува годишнина од една интересна појава за Критичкото преиспитување на правото - тема актуелна на крајот на декември веќе четврта година по ред. Станува збор за неформално здружување на професори и студенти со цел да го прошират полето на знаење и искуство отаде формалниот курикулум на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Оваа програма, во која беа вклучени престижни универзитети и професори од Италија, Словенија, Хрватска, Кипар, Бугарија, започна во декември 2017 година. За време на овој период беа организирани 12 јавни предавања, студентски работилници и симпозиуми, а гостуваа 17 домашни и странски релевантни истажувач/ки и автор/ки (меѓу кои и иницијаторите и програмскиот тим - Љубомир Фрчкоски, Ирена Рајчиновска Пандева и Вики Младенова).

Оваа иницијатива, која е установена на волонтерска и ентузијастичка основа, ги организира настаните со помош и поддршка на Park Hotel, Хелсиншки комитет за човекови права, Coalition Margins, Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje. Видеозаписи од голем број од настаните може да најдете на јутјуб-каналот: https://bit.ly/3FA9MSh. Сите други информации во врска со минатите и настаните што се планираат може да ги следите на нашата фејсбук-страница: https://www.facebook.com/kritika.pravo.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование