X
 30.04.2023 Живот

Скриени трошоци во пакетите „ол инклузив“ на кои треба да внимавате

Платете за хотелски аранжман кој вклучува сè (all inclusive) и одете на одмор, оставајќи го паричникот дома - звучи добро, но обично не е така.

Ваквите хотелски пакети најчесто значат дека со сместувањето добивате три оброци во текот на денот и избор на алкохолни и безалкохолни пијалаци. Често тука се вклучени и спортски активности, пристап до спа-центар, базен, активности за деца, бесплатен влез во ноќен клуб итн. Меѓутоа, далеку од тоа дека нема да имате дополнителни трошоци доколку се одлучите за ваков пакет.

Не е вклучено баш сè

Секогаш треба да прочитате што точно вклучува опцијата во хотелот бидејќи пакетот никогаш не вклучува баш сè. Овој пакет се разликува помеѓу државите и не подразбира ист квалитет на услугите. Некогаш тој не вклучува вода, кафе или лежалка и чадор.

Понекогаш, иако имате три оброци, можеби нема да имате голем избор или да одберете кога да ви биде послужен оброкот. Слично е со пијалаците, во некои хотели пакетите вклучуваат ограничен асортиман на пијалаци.


Фото: Pixabay

Одредени активности ретко влегуваат во цената, како часови по нуркање или масажи. Затоа, пред да резервирате, добро прочитајте што подразбира ваквиот пакет.

Излегување надвор од хотелот

Се подразбира дека хотелските аранжмани вклучуваат сè што е во рамките на хотелот, а не надвор од него. Затоа, имајте го тоа на ум кога ќе патувате. Освен тоа, во некои одморалишта и хотели постои политика за бакшиш, па можеби ќе мора да издвоите пари за тоа.

Подгответе се за попусти

Сепак, како гостин во хотелот веројатно ќе добиете попуст за одредени активности. Така, при пристигнувањето во хотелот може да бидете повикани на ручек или вечера која вклучува презентација за попустите и членски картички од хотелот.

Извор: Nova
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот