X
 30.11.2022 Живот

Христијаните станаа малцинство во Велика Британија

Англија и Велс повеќе не се мнозински христијански земји. Помалку од половина од населението на Велика Британија на последниот попис се изјасниле како христијани.

Процентот на Англичани и Велшани кои се изјасниле како христијани од 59 на пописот во 2011 година се намалил на 46 проценти.

Бројот на граѓани што се изјасниле дека немаат религија се искачи на 37 отсто.

Припадниците на етничките малцинства сочинуваат дури две третини од жителите на Лондон, а бројот на белците во Англија и Велс е намален за околу 500.000, покажуваат првичните резултати од минатогодишниот попис.

Бројот на муслиманите се зголеми од 5 на 6,5 отсто, додека процентот на оние што се идентификуваа како будисти, сики, хиндуси и Евреи остана главно ист како пред десет години.

Иако има забележлива промена во етничкиот состав, повеќе од 90 отсто од граѓаните на Англија и Велс изјавиле дека се чувствуваат како Британци. Околу 82 проценти од луѓето во Англија и Велс навеле дека се белци, што е пад од 4 отсто според пописот во 2011 година.

Азијците се втората по големина група во Велика Британија, во моментов со 9,3 проценти.

Луѓето што се идентификуваат како Азијци, термин што генерално го користат Британците за жителите на јужноазиските земји, вклучувајќи ги Индија, Пакистан и Бангладеш, ја сочинуваат втората по големина група на население во Велија Британија со 9,3 отсто. Во претходниот попис ги имало 7,5 проценти.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот