Со отворањето на Филозофскиот факултет во Скопје во 1920 година е отворена првата Универзитетска библиотека во Македонија.
Во април 1922 година е отворена Скопската народна библиотека и читална, а во 1933 година е основана Јавна библиотека на град Скопје. Во 1940 година Библиотеката располага со фонд од околу десет илјади книги.
По Втората светска војна во 1944 година е основана НУБ “Св. Климент Охридски”, а во 1945 година е основана Градската библиотека којашто од 1963 година го добива името “Браќа Миладиновци”. Од 1974 година сите библиотеки во Скопје се интегрираат во Библиотеката “Браќа Миладиновци”.
Фонд на книги: |
|
Оддели: |
- белетристика | 42.820 книги |
- научна литература | 45.323 книги |
- литература за деца | 28.500 книги |
- роднокраен оддел | 16.000 книги |
- странска литература | 5.777 книги |
- читална 1100 седишта | 1100 седишта |
- читална 270 седишта | 270 седишта |
| |
Работно време: |
- секој работен ден од 8 до 20 часот
- сабота од 8 до 15 часот |
| | |
Адреса: |
Бул. “Партизански одреди” 22
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: ++389 (02) 3162-544
Факс: (02) 3127-016
е-mail: biblimiladinovci@gbibsk.edu.mk |