Националната установа универзитетска библиотека “Св. Климент
Охридски” со своето 65 годишно постоење многу придонесе за културното
живеење не само во градот Битола каде што е лоцирана, туку и на поширок
план,во државата, особено со вградувањето на универзитетската компонента
во нејзиното делување, со чинот на добивање статус на членка на
Универзитетот само една година по основањето на Универзитетот, односно
во 1980 година. Значајни статусни промени во функционирањето на оваа
установа претставува нејзиното утврдување, со одлука на Владата на
Република Македонија, како национална установа од облста на културата,
во 2003 година.
Организационата структура подразбира 8 организациони единици-оддели:
1. Комплетирање на библиотечниот материјал,
2. Библиотечно - библиографски информации
3. Обработка на монографски и периодични публикации,
4. Унапредување на библиотекарството,
5. Посебни книжни фондови,
6. Позајмување и услуга,
7. Заштита и репрографија
8. Општи служби
Контакт:
НУУБ ,, Св. Климент Охридски,, - Битола
Ленинова 39
Битола
Тел: +389 (0)47 220 208
Факс: + 389 (0)47 220 515