Студии по фармација
* додипломски интегрирани 5-годишни студии со 300 кредити;
* докторски студии, 3 години со 180 кредити;
* специјалистички студии, минимум 4 години, максимум 6 години;
* супспецијалистички студии со 1, односно 2 години;
ЗВАЊЕ СО КОЕ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ - СТУДИИ ПО ФАРМАЦИЈА
По завршување на студиумот по фармација, дипломираните студенти се стекнуваат со академско звање магистер по фармација. За дипломираните магистри по фармација е предвиден задолжителен стаж во траење од 6 месеци.
По завршување на стажот се полага стручен испит пред испитна комисија која ја формира Фармацевтската комора на Македонија. Испитот се оценува со положил или не положил.