Студии по општа медицина:
* додипломски студии, интегрирани 6-годишни студии со 360 кредити;
* докторски студии, 3 години со 180 кредити;
* специјалистички студии, минимум 4 години, максимум 6 години;
* супспецијалистички студии со 1, односно 2 години
ЗВАЊЕ СО КОЕ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ- СТУДИИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА
По завршување на студиумот по медицина, дипломираните студенти се стекнуваат со академско звање доктор по медицина.
По завршување на докторскиот стаж се полага стручен испит пред испитна комисија која ја формира Лекарската комора на Македонија. Испитот се оценува со положил или неположил.