СТУДИСКА ПРОГРАМА
Насока:
БИЗНИС ЛОГИСТИКА (модел 3+2)
Стручен назив:
дипломиран менаџер по бизнис логистика
Вкупно кредити:
180 (од кои 30 по семестар); вкупно часови по семестар 758/759
Со завршувањето на додипломските студии - шести семестар (трета година), студентот на насоката Бизнис логистика се стекнува со диплома (звање) стручен назив –
менаџер по бизнис логистика.
Дипломираниот студент има можности за вработување во широкиот бизнис сектор, министерствата, државната и локалната јавна администрација.
Студентите во текот на летните месеци, во државата или во странство, реализираат задолжителна феријална пракса во бизнис секторот, државната и локалната јавна администрација.