Бизнис логистика - Скопје

СТУДИСКА ПРОГРАМА

Насока:

БИЗНИС ЛОГИСТИКА (модел 3+2)

Стручен назив:

дипломиран менаџер по бизнис логистика

Вкупно кредити:

180 (од кои 30 по семестар); вкупно часови по семестар 758/759


Со завршувањето на додипломските студии - шести семестар (трета година), студентот на насоката Бизнис логистика се стекнува со диплома (звање) стручен назив – менаџер по бизнис логистика.  

Дипломираниот студент има можности за вработување во широкиот бизнис сектор, министерствата, државната и локалната јавна администрација.
Студентите во текот на летните месеци, во државата или во странство, реализираат задолжителна феријална пракса во бизнис секторот, државната и локалната јавна администрација.