Драматургија

Современата професија Драматург е поставена како мултимедијален занает, која на завршениот студент му овозможува стручни драматуршки познавања, неопходни во процесот на производство на проекти од областа на драмските уметности: театарот, филмот, телевизијата, радиото и операта.

Предметот Драматургија (1, 2, 3 и 4) е главен предмет на одделот Драматургија и заедно со предметот Филмско и телевизиско сценарио ја сочинуваат основата врз која се формира современата професија драматург. Предметот му овозмозува познавања и од доменот на блиските современи уметности каде што драматургијата има забележлив удел како што се стрипот, видео уметноста, спотот и рекламата. Со проучување на драмските техники од разни историски епохи, од античките се до современите, и на разните драмски автори, студентот се здобива со неопходните основи за негов понатамошен развој и во теоријата и во праксата. Предавањата и вежбите од драматургија му овозможуваат на студентот да ги развива своите индивидуални склоности како идни критичари и есеисти, драмски творци, соработници на режисерите и актерите но и уметнички раководители - драматурзи во театарските институции. Преку пишување на свој оригинален драмски текст или драматизација на прозно дело, студентот се запознава со разните модели на драмското пишување но и со допирните точки и разлики на драматургијата со книжевноста.

Со пракстата како драматурзи во одредени театарски институции и на одредени театарски проекти се запознаваат со задачите на својот занает - драматург.