Наставната програма се базира на ставот дека режија се учи режирајќи под супервизија на наставникот...
Програмата се развива според ЕКТС и тоа во две насоки: а.) Специјализиран курс по театарска режија (за сите студенти) и б.) Индивидуална стратегија за развој на способностите, знаењата и талентот (за секој студент пооделно).
Специјализираниот курс по Театарска режија се темели на совремните сознанија од оваа област потпрени на базичните принципи на Станиславски и неговите следбеници од руската и американската школа, преку битните имиња за развој на режијата /особено од ХХ век/ и на актерската игра. Посебен дел е анализа на современиот репертоар и следење на работата /подготовки, проби, анализа на готовата претстава / на предметниот наставник.
За индивидуалната стратегија се собираат елементи во текот на првата година а практично се применува особено во втората и третата наставна година. Таа се темели на консултации, вежби, друга литература и поставување специфични индивидуални цели во рамките на дадената програма за наставната област.
Наставата по предметната програма Театарска режија се содржи од предавања, презентација на студентите, индивидуални и колективни вежби во рамките на класата, поставување на делови од сцени, сцени, едночинки и драмски текстови со студенти од ФДУ и со актери надвор од ФДУ, асистирање во професионалните театри и др. Писмените семинарски работи се практикуваат како форма за обработка на специфични теоретски прашања.