СП7 Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)
Целта на студиската програма Компјутерско хардверско инженерство и електроника е да овозможи едукација на високо способни инженери, адаптирани на потребите на стопанството, со соодветно ниво на знаење во областите опфатени со програмата. Овие инженерите ќе бидат оспособени за брзо и ефикасно решавање на најразлични проблеми од доменот на електрониката и компјутерското хардверско инженерство, како специфична и денес многу важна подобласт на електрониката.
Поконкретно, целта на оваа студиска програма е на инженерите по електротехника и информациски технологии да им овозможи да се здобијат со следните компетенции:
- Способност за брзо разбирање и анализа на различни проблеми, преку специфичен инженерски приод, имајќи ги предвид конкретната ситуација и соодветните ограничувања.
- Соодветни знаења за дизајнирање на решенија за конкретни проблеми, имајќи ги предвид расположливите ресурси и водејќи сметка за нивното оптимално искористување.
- Способност и вештина за имплементација на комплексни и комбинирани решенијата во доменот на хардверско-софтверското инженерство, дигиталната електроника, енергетската електроника, мултимедиумските системи, електромагнетиката и електромагнетната компатибилност, како и за нивна модификација, тестирање и предавање во употреба.
- Презентациски и комуникациски вештини за едукација на корисниците на изработените решенија.
- Способност за индивидуален ангажман и самостојна работа, но и за тимска работа и соработка со колеги со различни профили и области на образование.
- Способност за истражувачка работа и учење, што ќе им овозможи вклучување во истражувачки тимови и институции, како и продолжување на нивното формално образование низ постдипломски и докторски студии.
Структура на студиската програма од прв циклус на студии по компјутерско хардверско инженерство и електроника