Научно-истражувачко подрачје: Техничко-технолошки науки
• Поле:
o Електротехника,
o Телекомуникациско инжинерство
o Информациско - комуникациски технологии
• Област: Телекомуникации и информациско инженерство
ВИД НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Студиската програма е од прв циклус на студии – академски.
СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ
Студиската програма е од степен на образование VIA.
ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Предлагач на студиската програма Телекомуникации и информациско
инженерство е Институтот за телекомуникации при Факултетот за електро-
техника и информациски технологии во Скопје.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГОТ
Потребата за комуникација е една од основните човекови потреби.
Современиот човек има потреба да комуницира и разменува информации од
секаде и во секое време со својот соговорник (соговорници) на другата страна
на светот. Денес речиси секој човек на планетата во својот џеб носи мобилен
телекомуникациски уред. Во современото информатичко општество,
информацијата се јавува како клучен составен дел на економските и
социјалните активности. Развојот на телекомуникациите, телекомуникациската
инфраструктура и информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) пак е
предуслов за развој на информатичкото општество. Тоа е основа за воведување
и масовно користење на сите услуги на информатичкото општество и дигитални
содржини што како крајна цел го има подобрувањето на квалитетот на живот.
Телекомуникациите и информациското инженерство се бават со начинот
на кој се обработува и пренесува информацијата на далечина со цел да се
оствари посакуваната комуникација. Глобалните и мобилни комуникации,
електронската трговија и широкопојасниот Интернет му носат многу
придобивки, економска експанзија и демократија на развиениот свет. Развојот
на телекомуникациите и ИКТ е стратешки приоритет на Владата на РМ.
Создавањето на високо квалификуван и оспособен инженерски кадар во
областа на телекомуникациите и информациското инженерство е неопходност
за користење на придобивките кои ги нуди информатичко општество. 7
Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и
информациски технологии во Скопје е носител на наставната и научно-
истражувачката дејност во областа на телекомуникациите на Универзитетот
“Св. Кирил и Методиј”, и воопшто во Република Македонија. Од неговото
формирање до денес, Институтот за телекомуникации создаде своја
препознатливост во создавањето на врвно оспособен инженерски кадар во
најсовремените области на телекомуникациите и информациско-
комуникациските технологии, кои својата понатамошна професионална кариера
многу успешно ја градат во државата и надвор од неа.
ПРОЦЕНКА НА ОПРАВДАНОСТА СО ОГЛЕД НА ПОТРЕБИТЕ НА
ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
Дипломираниот инженер од областа на телекомуникации и
информациското инженерство својата професионална кариера ќе може да ја
гради во индустријата и во јавниот сектор, како што се: јавни
телекомуникациски оператори, мобилни оператори, ИКТ компании, банки и
осигурителни компании, телевизиски и радио дифузни компании, академски
институции и истражувачки лаборатории во земјата и во светот. Исто така, тој
може да се вработи и во секоја мала, средна и голема компанија и институција
која ги користи информациско-комуникациските технологии.
Студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство ќе
ги обезбеди потребните знаења и експертиза за работа во најсовремените
комуникациски и информациски области, кои во моментов доживуваат
експлозивен раст. Во Република Македонија постојат голем број фирми кои
произведуваат и инсталираат телекомуникациска опрема и инфраструктура,
развиваат телекомуникациски софтвер, софтвер за мобилни телефони и
мобилни апликации, како и претставништва на големи странски компании со
телекомуникациски и ИКТ профил. Кадрите кои своето образование ќе го
завршат на студиската програма Телекомуникации и информациско
инженерство ќе поседуваат меѓународно препознатлива диплома и ќе бидат
оспособени да се вработат во фирмите од телекомуникациите и ИКТ секторот.
ПОВРЗАНОСТ СО СОВРЕМЕНИТЕ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА
Телекомуникациите и информациското инженерство денес се една од
најактуелните научно-истражувачки области во подрачјето на техничко-
технолошките науки во светот. Оваа студиска програма опфаќа научни
дисциплини во кои се изложуваат најновите научни сознанија од
телекомуникации. Телекомуникациите се жива и динамична област, па
пренесувањето на најновите научни сознанија се важни за успешноста за оваа
студиска програма, како и квалитетот на кадарот кој ќе произлезе од неа.
Институтот за телекомуникации успешно ги следи и се носи со најновите
научни сознанија во телекомуникациите, што се потврдува преку завидните
резултати во истражувањата во телекомуникации, како што се публикации во
релевантни меѓународни списанија со импакт фактор и зборници на светски
конференции. Научноистражувачката дејност на Институтот е поврзана и со
работата на бројни домашни и меѓународни научно-истражувачки и
апликативни проекти. Во овие проекти редовно се вклучени и нашите студенти,
дипломци и постдипломци. Институтот е меѓу водечките институции на УКИМ по
бројот на меѓународни проекти, учествувајќи во повеќе европски проекти од
FP7 и FP6 програмата во областа на безжичните, сензорските и оптичките
мрежи, како и во NATO и TEMPUS финансирани проекти. Под покровителство на
Одделот за телекомуникации при Македонската секцијата на IEEE, на
Институтот често гостуваат еминентни професори и истражувачи, држејќи
предавања за најновите достигнувања и трендови во современите
телекомуникации. Во рамките на својата апликативна дејност, Институтот
остварува и блиска соработка со институциите и големите и малите компании
во Република Македонија во областа на телекомуникациите и ИКТ.
ДОСЕГАШНИ ИСКУСТВА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЛИЧНИ
ПРОГРАМИ
Почнувајќи од академската 2004/2005 година, на Факултетот за
електротехника и информациски технологии во Скопје се спроведува студиската
програма од прв циклус Телекомуникации, акредитирана согласно ЕКТС.
Носител на оваа студиска програма е Институтот за телекомуникации при ФЕИТ.
Заклучно со академската 20011/2012 година, на студиската програма
Телекомуникации се запишале над 700 студенти. Квалитетот и знаењата со кои
располагаат студентите кои дипломирале на студиската програма
Телекомуникации е препознатлив во Република Македонија и во странство.
Голем дел од нив имаат високи достигнувања во својата професионална
кариера, и се на високи инженерски и раководни позиции во ИКТ компаниите.
Исто така, оние кои се одлучиле своето образование да го продолжат на некој
од странските универзитети се истакнуваат со квалитетот и стекнатото знаење,
и успешно ги завршуваат магистерските и докторските студии на тие странски
универзитети.
Наследник на студиската програма Телекомуникации е студиската
програма Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ), за
која се однесува овој Елаборат.